Се поголем број луѓе денес страдаат од „Синдром на пропуштена шанса“ или популарно наречен ФОМО, од англиската кратенка за „Fear of missing out“. Се работи за постојано проверување на телефонот, за да не се случи нешто, некој да не постира нешто, а тој да не го види. Исто така скоро секој корисник на мобилен телефон по навика отвора некои апликации, иако знае дека таму нема да види ништо интересно.

Роботот кој го направил овој ентузијаст е импресивен по тоа колку е технолошки напреден, но уште поимпресивно е тоа што ќе ве натера да размислите за тоа како си го трошите драгоценото време. Како ќе си го организирате вашиот краток престој на планетата, зависи од вас самите!

За крај да ја спомнеме и мислата која ја кажа авторот на почетокот на видеото: „Паметните телефони се чудесни, постојано ни го одвлекуваат вниманието и не тераат да се чувствуваме дека животите не ни се доволно добри.“

Сподели на Facebook
пати видено