Целосно електричниот Порше Мисија Е, луксузен автомобил  е во финалната фаза на изработка според извршниот директор, Оливер Блум. Од Порше очекуваат автомобилот да биде подготвен во 2019 година, наместо во 2020, како што беше очекувано.

Во интервју за „Car Magazine“, Блум изјавил: „Ние сме во серија инженеринг фазата и предвидено е нашиот прв електричен автомобил да пристигне една година порано од предвиденото.“ Се очекува цената на овој автомобил да биде околу 80.000 долари, што е прилично поскапо од Моделот С, на Тесла, кој има почетна цена од 62.000 долари. Повеќе за Порше Мисија Е и неговите перформанси можете да прочитате тука.

 

Сподели на Facebook
пати видено