Ако лебарка е горда и здрава, значи кај вас дома сѐ е во ред.
Ако лебарка е тажна и уморна – вашата сопруга ве храни лошо.
Ако лебарка е црна – ќе добиете покачување на платата.
Ако лебарка е кафеав – во вас е вљубена плавуша.
Ако лебарка е зелена – тоа е на големи пари.
Ако лебарката цело време мрда со мустаќите – вие сте енергичен човек, кој не може да стои на едно место.
Ако лебарката престане да се движи – тогаш сте филозоф.
Ако лебарки има зачуден поглед – значи пријателите не ве ценат.
Ако лебарка е уплашена – вие сте човек кој умее да ги брани своите ставови.
Ако лебарка е светло сина, со рогови и зборува со човечки глас – или сте болен или сте напушен.
Сега измерете ја лебарката.
Ако лебарката е помала од 1см. – Значи семејството може да се потпре на вас.
Ако лебарката е подолга од 3см. – Тогаш сте баран човек.
Ако лебарката има мустаќи со големина на вашиот нос – тогаш сте љубопитен човек.
Ако едниот мустак на лебарка е подолг од другиот – вие сеуште не сте ги покажале своите можности.
Ако вкупната должина на мустаќите на лебарка е еднаква на должината на нејзиното тело, помножена со квадратен корен од дијаметарот на стомакот и поделено на логаритам од бројот на нозете, тогаш сте педантен и совесен.
Ако нозете и се рамномерно распоредени по телото – задолжително за секој случај да се прегледате кај психијатар.
Ако должината на лебарка е еднаква на широчината – тоа е крлеж.
Сега пуштете ја лебарката.
Ако бега право – значи животот сеуште е пред вас.
Ако бега лево – ве чека возбудлива средба.
Ако бега десно – внимавајте на работа – некој ви работи зад грб.
Ако тргне назад кон вас – Вие сте интересен човек.
Ако си стои на место – значи мртва е…