Карлос Нирија, исто така познат како „г-дин Весел“ скокаше и танцуваше од радост на церемонијата за матурирање во средно училиште во Мидленд, Тексас.
Училиштето го објавило видеото и напишале: „Една од најголемите работи од дипломирањето е славењето на достигнувањата на нашите ученици! Сакавме да споделиме видео со вас од еден наш посебен матурант Карлос Нирија, кој со најголема радост и ентузијазам танцуваше низ сцената додека ја примаше својата диплома за средно образование! Ние сме толку горди на Карлос и горди на сите наши ученици од 2018 година!“
Карлос е последното од 8-те деца на Тереза Нирија. Неговата мајка вели дека тој е вистински пример за среќа, љубов и несебичност. Тереза вели дека дознала дека е бремена со Карлос кога отишла на гинеколог да биде стерелизирана, а сега нејзиниот син ги инспирира сите луѓе околу него.