Технологијата на завоите е прилично развиена во споредба кога за прв пат се појавиле пред околу 100 години. Сега, истражувачите од Универзитетот во Небраска-Линколн, Медицинскиот факултет Харвард и МИТ се подготвени да влезат во наредниот век за нега на раните со паметниот завој чии поединечни влакна ги складираат лековите што можат да бидат распоредени со користење на паметен телефон или друг мобилен уред.
Завојот е составен од електрично-проводни влакна кои се обложени со гел во кој можат да се сместат лекови – нешто од антибиотици до лекови против болки во било која ефикасна комбинација. Индивидуалните влакна потоа може да се активираат преку напон од поврзаниот микроконтролер не поголем од поштенска марка, користејќи поврзан мобилен уред.
„Ова е првиот завој што е способен да ослободи лек зависно од дозата“, објаснува Али Тамајол, помошник професор по машински и материјален инженеринг во Небраска. „Можете да ослободите повеќе лекови со различни профили за ослободување. Тоа е голема предност во споредба со другите системи.“
Во соопшението за печатот Тамајол посочил: „Ова е платформа која може да се примени во многу различни области на биомедицински инженеринг и медицина“. Не само што би можело да биде корисно за справување со повредите на бојното поле, исто така може да помогне во лекувањето на хронични рани , кои се чести кај пациенти кои живеат со дијабетес. „Медицинските трошоци поврзани со овие видови на рани се огромни. Значи, постои голема потреба да се најдат решенија за тоа.“, вели Али.
Технологијата ни обезбедува извонредни начини да ги подобриме нашите природни биолошки процеси и ова ново поле ќе создаде нови начини за лекување кои медицинските професионалци ќе треба да ги разгледаат. Сепак, повеќето од овие технологии се во почетна фаза и ќе треба време да се развијат пред да бидат одобрени за широко распространета употреба. Во меѓувреме, можеме со нетрпение да го очекуваме времето кога технологијата и човечката биологија ќе работат заедно за да создадат подобар свет.