Инстаграм стана една од најпознатите социјални мрежи и неговата популарност расте, од секојдневни фотографии на „обични“ луѓе па се до профили на фитнес блогери. Има за секого по нешто на Инстаграм. Една од овие блогери е и Ејми Хопкинсон, фитнес инструкторка од Лондон, која воодушевува над 30.000 следбеници. Но, на нејзиниот сопруг Тед му дошло преку глава од нејзините постови за здрав живот и фит тело и решил малку да се пошегува на сметка на неговата сопруга.
„Одеднаш морав да стојам на каучот зад неа за да добијам добар агол од некоја каша нехигиенски блиску до нејзините нозе, или пак да се кријам зад неа за да не се видам на утринското стори. Мислев дека целата работа е луда.“, вели Тед.
Затоа како и секоја легенда Тед решил да си направи свој пародичен профил и почнал да ги „копира“ фотографиите на неговата сопруга. Инспириран од неговата сопруга Тед во описот на неговиот профил напишал: „Откако забележав празнина на пазарот за млади, згоди, само-квалификувани луѓе во светот на доброто здравје одлучив дека е време да почнам да ја ширам пораката за позитивноста на телото и умот.“
Тед досега собрал 12.000 следбеници и бројот на неговите обожаватели расте. Тој со неговите саркастични објави навистина го насмеа светот, но и ги утеши луѓето за кои здравиот начин на живот и не е опција.
„Едноставно нема доволно инспирација во светот. Придружете ми се на моето патување искомбинирано со многу селфи фотографии, лоши совети за исхраната, инспиративни цитати и се разбира стомачни мускули. Можеме да го направиме светот подобро место за живот.“, пишува саркастичниот Тед.
Тед за своите нови следбеници и ново-стекнатата популарност објавил пост на кој пишувало: „Некои од вас можеби го забележале моето совршено исконтурирано лице кое што се појави на интернет вчера. Изгледа паричката падна и важноста на диетата со пилешки нагети планот за хидратација исполнет со пиво и фактите за подобрување на здравјето поткрепени со ригорозни истражувања од Универзитетот „Сеш“, конечно го добиваат меѓународното признание што го заслужуваат.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.