Тиндер е мрежа која почесто се користи во западниот свет, но многу млади ја користат и кај нас. Таа служи за запознавање, но и „едновечерни авантури“.
На ваквите апликации можете да запознаете секакви луѓе, но не веруваме дека Даниел очекувала дека ќе запознае ваква личност.
Даниел, од Хјустон, Тексас, решила за прв пат да си инсталира Тиндер и веднаш останала шокирана. Таа видела симпатично момче, кое веднаш потоа ѝ пишало. Но, работите набргу тргнале во комичен правец. 19-годишната студентка мислела дека ќе започне нормален разговор, но всушност доживеала да го прочита ова:
Верувале или не креативниот начин да си фати девојка на оваа момче му успеал и Даниел изјавила дека продолжила да се допишува со него. Нејзиниот разговор станал популарен на Твитер, но во случај фраерот навистина се обиде да ограби банка најверојатно планот му е веќе „пропаднат“.