Модната индустрија е со репутација дека не ги претпочита жените со т.н. плус големина, но една жена решила да го доведе во прашање тој концепт. Тес Холидеј стана фотомодел со најголем конфекциски број во Велика Британија за да потпише договор со една од најдобрите фото агенции во Велика Британија – агенцијата Милк.
Тетовираната манекенка рекламира линија на облека за жените со повеќе облини. „Не постои само еден начин на кој треба да се биде жена, или да се биде убава“ изјави Тес. „Сите ние заслужуваме свое место.“