Фотограф од едно списание добил задача да направи слики од голем шумски пожар. Поради големото количество чад, не било можно да се направат добри слики. Фотографот се јавил во редакцијата и замолил да изнајмат авион. Главниот уредник му рекол дека авионот ќе го чека на најблискиот аеродром. Фотографот пристигнал на аеродромот и видел на пистата авион кој го форсира моторот, како да не му се чека да тргне. Со нетрпение да направи слики, скокнал во авионот и му рекол на пилотот:
– Ајде, полетувај побрзо!
Пилотот дал гас и полетале.
– Вози кон северната страна на пожарот – му рекол фотографот на пилотот – и направи три-четири круга пред да се спуштиш ниско над пожарот!
– Зошто? – Прашал пилотот.
– Затоа што треба да направам слики. Јас сум фотограф, а сите фотографи прават слики! – Изнервиран што мора да објаснува одговорил фотографот.
По долга пауза, пилотот одвај прошепнал:
– Сакате да кажете дека вие не сте инструкторот по летање?

Сподели на Facebook
пати видено