Концептуалните фотографии се резултат на креативен процес и визијата на уметникот. Голем број на уметници денес ги изразуваат своите чувства преку овој неверојатен под-жанр. Фотографии од ваков вид се создаваат со помош на повеќе алатки за фото-монтажа вклучувајќи ги Photoshop и Illustrator. Локациите внимателно се бираат за да можат точно да се рекреираат мислите на фотографот.
Напуштените локации се секојдневна инспирацја за уметниците. Најчесто енергијата од ваквите места е насочена кон мрачните емоции. Керен Јерзук е фотографка која е инспирирана од ваквите места. Таа дипломирала на факултетот во Бостон и за дипломаската на подарок од нејзините родители добила фотоапарат. Таа на почетокот на кариерата фотографирала секојдневни работи, а потоа одлучила да се фокусира само на луѓето.
Таа дошла до идеја за фотографирање на напуштени места кога забележала фотографија на една изложба од театар во една напуштена лудница. Откако напорно вежбала за да ја усоврши техниката, таа креирала и костуми за моделите и додавала и парчиња мебел во фотографиите доколку тоа било потребно. Фотографката не сака да наметне одредени чувства со нејзините креации туку смета дека секој различно ги сфаќа и си прави своја приказна.
Скоро сите објекти се стари и изградени пред да постои технологијата, а тоа и е многу важно на Керен затоа што на такви места може да направи многу оригинални фотосесии. Таа вели дека овие фотографии кријат и нејзини емоции, кои што таа не може да ги искаже со зборови.