Фотографката од Еквадор Паола Передес е лезбејка и со цел да разоткрие што се случува зад затворената врата на клиниката за лечење на хомосексуалност решила и самата да оди на „лечење“. Во болницата условите биле и повеќе од ужасни, а на пациентите не им давале храна, ги присилувале да се молат па дури имало и „поправно“ силување.

Вакви болници постојат и во други земји низ светот, кои што се водат како клиники за лечење од алкохолизам и дрога, а всушност се работи за клиники за лечење на хомосексуалноста. Паола решила да направо фотосесија врз основа на искуството кое го имала во клиниката. Таа исто така фотосесијата ја основала и врз изјави од други пациенти кои биле затворени во оваа клиника.

Паола со помош на нејзините родители, кои ја прифатиле сексуалната ориентација на нивната ќерка, но за да и помогнат да го заврши проектот, ја посетиле клиниката со „намера“ да ја пријават нивната ќерка за лекување од хомосексуалност, а во меѓувреме биле и озвучени.

На фотографиите се гледаат условите и третманите во клиниката. Од клиниката можете да излезете доколку ги убедите лекарите дека сте ја изилечиле хомосексуалноста. На жените им давале и „женски прибор“ со цел да се развие нивниот феминизам.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено