Нашата земја е прекрасна на многу начини и тоа ни го докажуваат и луѓето кои не живеат тука. Ксиао Јанг е самоука фотографка со седиште во Пекинг, Кина.
Бидејќи е голем љуботел на патувањата девојката почнала да работи за кинеска туристичка компанија QYER.COM, која е една од најголемите онлајн страници за патувања во заедницата во Кина, а главно се фокусира на обезбедување на прекуокеанска патна услуга за независни патници. Патувањето во странство и фотографирањето зазема многу важна улога во нејзиниот живот и досега посетила повеќе од 20 земји во светот.
Една од нив е и Македонија и благодарение на нејзиниот специфичен начин на опфаќање на околината работите кои се наше секојдневие ги претставила на еден многу магичен начин, што дури и ќе помислиме дека тука некаде имаме скриено портал за во друг свет. Крушево, Прилеп, Скопје, Гевгелија, беа само дел од дестинациите на младата и надежна фотографка низ нашата земја.