Еден патник во воз во Сиднеј, Австралија, кој и самиот стоел се вознемирил од сликата која ја видел пред себе. Во возот се качила прилично постара жена, која, како што се гледа на фотографијата едвај стои на нозете. Тажно е што наспроти неа седат три помлади лица со слушалки на ушите и не ѝ отстапуваат место на старицата.

Фотографијата била објавена на Фејсбук со опис „Без почит“ и добила над 2.000 коментари. Најголем број од луѓето ги критикувале младите и нивната „култура“ додека дел од критиките отишле кај фотографот, кој според луѓето требал да преземе нешто за да ја реши ситуацијата. За жал ова не е невообичаена глетка и може да се види скоро во секој вид на јавен превоз, насекаде низ светот.

Сподели на Facebook
пати видено