Фотографии од птичја перспектива прикажуваат целосно изолирано амазонско племе и даваат редок увид во неолитскиот начин на живот. Бразилскиот фотограф Рикардо Стакерт ги снимил овие слики со висока резолуција за време на низок лет со хеликоптер над членовите на домородното племе во џунгла во Жордао, во близина на границата меѓу Бразил и Перу.

pl01

„Се чувствувам како сликар од минатиот век“, вели Стакерт. „Да си помислиш дека во 21. век сѐ уште има луѓе кои немаат никаков контакт со цивилизацијата, кои живеат како што живееле нивните предци пред 20 000 години – тоа е моќно чувство.“

pl04

Истото племе го привлекло светското внимание во 2008 година откако службеници од бразилската Агенција за прашања на домородците објавила фотографии со припадниците на ова племе како обоени со црвена боја фрлаат стрели врз нисколетачкиот авион на службениците. Истото се случило и во оваа прилика, кога домородците исфрлиле дожд од стрели врз хеликптерот. Агенцискиот експерт Жозе Карлос Меирелес, кој повеќе од четириесет години ги проучува домородните племиња во бразил, вели дека ова племе често го менува своето живеалиште.

pl05 pl07 pl06

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено