Луѓето кои сакаат да се тетовираат ги има од секаков вид и од секоја возрасна група, што лондонскиот фотограф Алан Паудрил го докажува во неговата најнова фото серија „Покриени“. Луѓето кои ги сликал се истетовирани од вратот до ножните прсти претставуваат уметнички дела на нозе.

Секоја од фотографиите содржи и краток коментар кој ја објаснува историјата на тетоважите и ставот на нивниот сопственик кон нив. Некои започнале да се тетовираат доцна во животот, на 40 или 50 годишна возраст, додека други се цел живот ентузијасти за теотважи, коишто почнале да се тетовираат уште од кога станале полнолетни. Еве дел од нив:

Грахам, 58 години

tt01

„Понав да се тетовирам на 51 година, татко ми веќе беше починат а мајка ми не рече ништо бидејќи беше во рана фаза на деменција.“

Лилјана, 23 години

tt02

„Мислам дека моето мислење за моите тетоважи нема да се промени. Се сомневам дека некогаш ќе се покаам, без оглед на возраста.“

Дејв, 66 години

tt03

„Почнав во 1963 кога имав четиринаесет години и мислам дека никогаш нема да престанам.“

Викторија, 37 години

tt04

„Моите тетоважи се дел од тоа која сум јас и секогаш ќе го сакам своето тело дури и кога ќе имам осумдесет години. Се работи за љубовта која ја добивам поради тоа како изгледам.“

Алекс, 49 години

tt05

„Мајка ми воопшто не беше среќна за ластовицата на мојата рака, а јас и кажав: Види мамо, не е како да сум на улица и да земам хероин.“

Изи, 48 години

 

tt06

„Сакам да бидам разлина и секој ден ме прашуваат за тетоважите. Добрите тетоважи не се евтини, евтините тетоважи не чинат.“

Џејмс, 33 години

tt07

„Имав шеснаесет години и истетовирав мал гуштер на колкот. Моите родители ми рекоа – како планираш да најдеш работа?!“

Кими, 29 години

tt08

„Моите тетоважи со групата Кис ми се омилените. Болката беше неверојатна, но се чувствувам добро покажувајќи ја мојата крајна посветеност на групата.“

Питер, 38 години

tt09

„Тие ми даваат самодоверба во животот по мојата Кронова болест. И во иднина ќе ги сакам како и сега.“

Мишел, 53 години

tt10

„Не би можела да кажам на која возраст ќе престанам. Сѐ додека има простор за пополнување, ќе пополнувам. Мислам дека никогаш нема да си го сменам мислењето.“

Бил, 59 години

 

tt11

„Го сакам фактот дека сум средовечен, имам професионална работа, опкружен сум со сериозни луѓе.“

Патрик, 34 години

tt12

„Мојата прва тетоважа ја направив на тринаесет години и десет години ја чував како тајна. Таа е дел од мене и никогаш нема да остарам.“

Крис, 25 години

 

tt13

„Ако некогаш заборавам кој сум, се соблеквам и се погледнувам во огледало и повторно откривам кој сум.“

Кени, 27 години

tt14

„Ги сакам своите тетоважи, тоа е начин на живот и е дел од мене. Ќе продолжам да ги правам сѐ додека можам.“

Нес, 40 години

tt15

„Ми се допаѓа како се менуваат како што моето тело старее и наборите и брчките го менуваат нивниот изглед. Кога веќе ќе нема простор под мојот врат, тогаш ќе престанам.

Симон, 47 години

tt16

„Сѐ додека сам одам во тоалет, не ми е грижа како ќе изгледам кога ќе остарам. Никогаш не планирав да ги имам толку многу, но имам склоност кон создавање зависност.“

Сподели на Facebook
пати видено