Кога фотографирате голо тело, нема многу што да се додаде на голата слика, но парискиот фотограф Дани Оливие смислил нешто ново. Често ангажирајќи танчерки и маенекенки, тој употребува прожектори во затемнето студио за да ги искапе нивните голи тела во обоена светлина и геометриски сенки, трансформирајќи ги нивните тела во надреалистички уметнички дела.
„Женското тело е прекрасно, а јас се трудам да создадам прекрасни слики“, вели Оливие. „Женското тело е вечно. Илјадници години тоа ги има истите облини, истиот облик, истиот ритам и е нешто што заслужува восхит. Својата техника ја развив пред осум години. Знаев дека има голем потенцијал во неа откако експериментирав со неколку светла и дизајни.“