Научниците откриле дека предисториските човечки видови живееле до релативно неодамна. Мистериозната бутна коска најдена во југоисточна Кина можеби на прв поглед не изгледа како којзнае што, но според палентеолозите, откритието има потенцијал да пренапише некои делови од човечката историја.

Се верува дека коската припаѓа на човечки вид кој исчезнал пред повеќе од 100.000 години, а сепак коската е датирана во периодот пред само 14.000 години, време кога дури и неандерталците биле исчезнати.

he

Откритието ги оставило научниците збунети, бидејќи не постои доказ дека современите луѓе, т.е. хомо сапиенс, коегзистирале со архаични припадници на родот хомо толку неодамна.

„Сѐ досега, се мислише дека архаичните луѓе во копнена Азија преживеале најдоцна до пред 100.000 години“, вели научникот Дарен Курно. „Така што, да се најде човечка коска која наликува на древните хуманоиди, а којашто е стара само 14.000 години, е вистинско изненадување.“

Ова откритие е толку необично, што многу научници веруваат дека не е токму така како што изгледа.

„Според мене, тоа е само припадник на население од доцниот плеистоцен и раниот холоцен коешто можеби изгледало малку поинаку, но нема ништо многу архаично кај нив“, вели палеоантропологот Дејбид Биган. „Со сигурност не верувам во аргументот дека тоа е некаков заостаток од раниот плеистоцен, ран хоминид, припадник на човечки вид пред неандерталците или такво нешто. Наодите воопшто не ме убедуваат во такво нешто.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено