Маж и жена после 15 години брак одат кај психолог на брачно советување.
Психологот ги прашува:
– Што мислите дека е проблемот?
Жената не чека ни секунда и започнува да врие… По половина час непрекинато зборување, психологот станува, ѝ приоѓа, ја прегрнува и страсно ја бакнува. Отакако завршува со бакнувањето, психологот се повлекува, а жената останува без зборови од зачуденост…
– На Вашата жена треба да ѝ се прави ова три пати неделно! Можете ли да се справите со тоа?
Мажот по кратко размислување му одговара:
– Докторе, во понеделник и среда не е проблем, но во петок не можам да ви ја донесам, затоа што ќе одам на риба.