Фолксваген, најголемиот автомобилски производител во Европа, започнал како автомобилски производител спонзориран од страна на државата за да се оствари визијата на Хитлер за „народен автомобил“ лесно достапен за граѓаните на Третиот рајх. Кога по Втората светска војна Германија била оставена во рушевини, иднината на фабриката на Фолксваген останала нејасна, сѐ додека британски воен офицер не го видел потенцијалот во лесниот автомобил кој потоа ќе стане светски познатата буба.

Народниот автомобил

b01

Во раните триесетти бројни германски автомобилски производители почнале да изработуваат проекти за „народни автомобили“, целејќи кон проширување на автомобилискиот пазар со ефтини семејни автомобили, бидејќи во тоа време на секои педесет Германци, само еден поседувал автомобил. Во 1933 година Хителр почнал да упатува специфични барања до автомобилската индустрија, визирајќи производство на едноставно возило кое може да превезува двајца возрасни и две деца со максимална брзина од околу 90 километри на час, со цел германските граѓани да имаат лесен достап до автомобил, слично како и Американците.

Раните дизајни

b02

Ханомаг, Мерцедес и Порше почнале да ги развиваат раните дизајни кои би одговарале на идејата на Хитлер, и многу од нив го фаворизирале заоблениот модел “бубачка3, со моторот сместен во задниот дел.

Алтернатива на луксузот

b03

Поголемиот дел од германската автомобилска индустрија сѐ уште бил сосредоточен на луксузниот пазар, но планот на Хитлер наречен „народен автомобил“ бил секој граѓанин на Третиот рајх преку заштеда од 990 марки (еквивалентни на денешни 360 евра), да може да си купи семеен автомобил. Приватните компании наскоро увиделе дека сепак нема да можат да произведуваат толку ефтин автомобил.

Државно производство

b04

Поради тоа што приватните компании не се нафатиле на неговата замисла, Хитлер избрал да спонзорира сосема нова државна фабрика со помош на Германскиот работнички фронт и дизајн на тимот на Фердинанд Порше. Препознатливиот модел „Буба“ бил воведен во 1938, наречен „Kraft durch Freude-Wagen“ – Автомобил – сила низ радост, име дадено од самиот Хитлер, и наскоро била изградена новата фабрика за масовно производство на автомобилите.

Моторот и воената економија

b05

VW употребал четворотактен мотор со воздушно ладење монтиран во задниот дел од автомобилот и бил подложен на рекордни 2.9 милиони километри тест возење. Многу Германци уплатиел во штеден фонд со цел да си ги добијат своите нови автомобили, но поради избувнувањето на Втората светска војна и раширената корупција во нацистичката бирократија, никогаш не ги добиле. Високите цени на бензинот за време на војната ја ограничиле употребата а Фолксваген автомобилите само во рамките на нацистичката елита. Производството било запрено во 1945 по оштетувањето на фабриката од страна на Сојузничките сили.

Повоената судбина и британската интервенција

b06

По завршувањето на Втората светска војна, оштетената фабрика на Фолксваген потпаднала под британската окупациона зона. Првично се планирало таа да биде употребена за одржување на воени возила или да биде растурена и уништена. Но, британскиот мајор Иван Хирст одлучил да го покаже автомобилот во главниот штаб на британската армија, кој бил впечатлен од потенцијалот на автомобилот и лесниот превоз кој го нудел. Британската армија потоа порачала 20.000 автомобили, со што ја спасиле фабриката од уништување.

Брза обнова

b07

Во 1946 г. фабриката произведувала 1000 автомобили месечно, а компанијата наскоро го сменила своето име во Фолксваген. Откако извесен број на американски и британски компании не биле заинтересирани за купување на компанијата, Фолксваген бил оставен под водство на Хајнрих Нордхоф, поранешниот раководител на Опел. Под Нордхоф, компанијата почнала со рафинирање на Моделот 1, подобрувајќи ја ефикасноста на автомобилот како и самото производство, но задржувајќи го оригиналниот стил.

Икона на Западна Германија и масовната допадливост на Бубата

b08

Како западногерманска компанија, Фолксваген наскоро станал симбил на обновата на земјата, проширувајќи ги продажбите и производството на меѓународен план. Бубата почнала да се продава и во САД, со слаба продажба во текот на првите години, но по серија рекламни кампањи, популарноста на колата набргу се зголемила. Сигурноста и младешкиот изглед на Бубата наскоро довеле до рекордна продажба.

Фолксваген комбе

b09

Во текот на 50-те и 60-те Фолксваген произведувал само еден модел на превозно средство со исклучок на популарното комбе Тип 2 микробус. Ова комбе наскоро станало препознатлив знак на хипи движењето во шеесеттите.

Сподели на Facebook
пати видено