Физичар Стерлинг Бакус 3Д печати супер-автомобил со инспирација од Lamborghini Aventador во сопствениот двор. Тој и неговиот син работат на проектот речиси една и пол година. Стерлинг веќе има вложено околу 20.000 долари во проектот.
Дуото ги испечатило телото, панелите, фаровите, па дури и отворите за проветрување од различни пластика. За да се осигура дека автомобилот е безбеден за возење, Бакус завиткал некои од печатени делови во јаглеродни влакна.
Автомобилот технички не е составен од 3D печатени делови во целост: моторот, шасијата и другите структурни делови се собрале посебно. „Нашата цел е да го покажеме автомобилот на децата во училиштта за да ги заинтеренсираме за науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката.“, вели тој.
И не, тоа не е пиратерија, според Стерлинг. „Дизајнот на делови е базиран на Lamborghini Aventador, но значително сме го смениле секој панел, за да го додадеме нашиот дизајнерски талент. Покрај тоа, не се произведени калапи и никој не се продава. Ова е еден единствен проект, а не за продажба“, додава тој.