Постојат многу загатки кои на прв поглед изгледаат многу лесни, но всушност се прилично тешки за решавање и бараат размислување и логика. Сепак, понекогаш се случува спротивното: размислуваме и се обидуваме да бидеме многу логични, без да обрнеме внимание на очигледните нешта. Овие 11 загатки ќе бидат одличен тренинг за Вашиот мозок. Имајте на ум дека е тешко да се поедностават нештата, но многу е лесно да се искомплицираат. Одговорите се најдолу.
11. Доколку паѓа дожд во 12 на полноќ, дали можете да очекувате да биде сончево за 72 часа?
10. Кројач има платно долго 16 метри. Секој ден сече по 2 метри од платното. За колку дена ќе го исече последното парче?
9. Од колку коцки е направен триаголникот?
8. Ако 5 машини за шиење во фабриката прават 5 маици на секои 5 минути, за колку минути 100 машини ќе направат 100 маици?
7. Има три кибритчиња на масата. Како можете да го поместите кибритот во средината без да го допрете?
6. Балон на топол воздух е однесен од постојан ветер во јужниот правец. Во кој правец се знамињата прикачени за негивата плетена кошница, кои што се веат на ветерот?
5. На кое прашање никогаш не можете да одговорите со „не“?
4. Кој знак треба да го ставите помеѓу 4 и 5 за одговорот да биде повеќе од 4, но помалку од 5?
3. Маж седи. Дури и да стане, Вие не можете да го земете неговото место. На што седи тој?
2. Поставете ги „+“ и „-“ кои недостасуваат, без да го смените редоследот на броевите.
1. Една слика е различна од другите. можете ли да ја пронајдете за помалку од 20 секунди?
Одговорите се на втората страна
1 2