Филигранот од хартија е уметничка форма која вклучува употреба на ленти од хартија, кои се обликувани и залепени со цел да се создаде декоративен дизајн. Филигранството има долга традиција и потекнува уште од времето на ренесансата, кога француските и италијанските калуѓерки и монаси користеле филигран од хартија користејќи ги позлатените рабови од страниците со цел да ги декорираат кориците на книги и верските предмети.
Оваа техника поминала низ многу трансформации и промени низ вековите користејќи нови техники, стилови и материјали, како и создавање на 3D предмети. Во денешно време се користи за декорација на честитки, свадбени покани, накит и кутии за накит. Техниката, иако ретко се користи, не е непозната и за Македонија. Дејан Илиевски изработува прекрасни дела и предмети украсени со филигран од хартија, кои заслужуваат да се најдат во сечиј дом. Тој своето хоби го претворил во бизнис, кој се надеваме дека ќе го прошири на нашиот пазар. Подолу можете да ги разгледате креациите на Илиевски.