Противмерката за нарцистичките „лајкувачи“ конечно пристигна.

Марк Закерберг изјави „Мислам дека луѓето со години бараат да има дислајк копче. Денес е посебен ден бидејќи денес е денот кога ќе можам да кажам дека работие на тоа и ќе го оствариме.“

По неколку децении, кога историчарите ќе погледнат наназад во времето, ќе ја најдат причината за Втората американска граѓанска војна, копчето dislike

– Кејт Семон

fb

Некои се согласуваат со тоа, но други сметаат дека Фејсбук ќе се претвори во место кадешто ќе се пропагира омраза. Веројатно меѓу нив спаѓаат и луѓето коишто се опседнати со лајковите и коишто растураат и пријателства ако не сте ставиле лајк на некое селфи, па можеме да замислиме каков кошмар би претставувало копчето дислајк за нив.

Но, Закерберг не се сосгласува дека Фејсбук ќе стане Хејтбук. Еве што вели тој:

„Тоа што тие го сакаат е можност да ги изразат своите чувства. Не секој момент е добар момент.“

И ова донекаде држи вода, но најголемиот проблем кај Фејсбук е тоа што неговиот концепт за „споделување чувства“ е толку безличен. Наместо да напишете свои два три збора, па еве нека биде и една проста реченица кога се чувствувате ептен дарежливи, на вас ви се нуди да притиснете едно копче со палец нагоре, а сега веќе и со палец надоле, коешто исто така е несоодветно за некои случаи, како на пример, замислете си некој споделува дека му починал близок или воопшто споделува некоја вест дека некој починал и вие на тоа покажувате палец надолу…

Што мислите вие за оваа работа?

dc17574c-82a2-4219-8a48-e10b3209153c

Сподели на Facebook
пати видено