И покрај тоа што излгеда морничаво, оваа 800 години стара мумија на дете се очекува да открие некои од скришните тајни на цивилизациите кои го населувале Арктикот пред стотици години. Телото на детето било мумифицирано по природен пат поради смрзнувачките температури. За разлика од вештачките мумии најдени во Египет и на некои други места, оваа мумија ги има сите свои внатрешни органи доста добро зачувани како последица на арктичките услови.

mm01

Телото сега е центар на големо иследување кое цели кон тоа да се дознае за животните услови на овие исчезнати цивилизации. Целта е да се создаде мрежа на информации за различните аспекти на животниот стил на ова момче, како на пример како живеел и каква храна јадел,

Зборувајќи за тековното истражување на останките на сибирското момче, рускиот експерт д-р Сергеј Слепченко објасни дека за време на почетните фази на анализата ќе се испитаат внатрешните органи и различни ткива на телото. Д-р Слепченко соопшти дека целта на истражувачите е да откријат за околностите во кои умрело момчето, иако признава дека шансите за тоа се мали.

mm02

Се верува дека кога умрело момчето имало шест или седум години, по што неговото тело било презервирано откако било завиткано со брезова кора и бакар. Мумијата била најдена во древна крипта во Арктичкиот круг, недалеку од Сејлкхард. Истражувачите сега се во процес на формирање на ДНК профил на детето; во последователните фази, ДНК на мумијата ќе биде споредена со примероци од современите жители на Сибир. Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да идентификуваат денешни живи роднини на детето.

Сподели на Facebook
пати видено