Фармер чука на вратата на комшијата. Отвора неговиот 7 годишен син.
– Здраво Томче, татко ти дома ли е?
– Не е дома. Отиде на нивата.
– А мајка ти?
– И таа отиде со него.
– А брат ти Михаил?
– И тој отиде да им помага. Ама кажете што ви треба, јас знам каде стојат алатите.
Комшијата со мала несигурност му вели:
– Гледај сега во што е проблемот… Ќерка ми Сања е бремена од брат ти Михаил…
Малиот после кратко мислење му вели на комшијата:
– Изгледа ќе мора да разговарате со татко ми. Знам дека за бикот зема по 500 денари, за нерезот по 300, а за Мичо колку ќе ви бара не знам.