Националните федерации што ќе учествуваат на Европското фудбалско првенство во Франција, ЕУРО 2016, ќе поделат 301 милион евра, за секоја од 24-те репрезентации што обезбедија пласман на ЕП. За учеството секоја репрезентација ќе заработи 8 милиони евра, како и 1 милион евра дополнителна мотивација за секоја победа, а за нерешен резултат секоја селекција освојува по 500.000 евра.
Пласманот во осминафиналето ќе биде награден со дополнителни 1,5 милион евра, влегувањето во четврт-финалето со 2,5 милиони евра. а полуфиналистите ќе заработат по 4 милиони евра.
Победникот покрај титулата европски шампион, дополнително ќе заработи 8 милиони евра.
Фудбалот е спорт, но многу повеќе е комплетна забава. Заслужените награди се голема радост за сите, затоа Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, во спортски, фудбалски дух организираат натпревар придружен со многу забава и наградувања. „Шут, гол, Сити мол!“ е натпревар во лесни фудбалски вештини, каде што се поканети да учествуваат сите што се расположени за забава и за награди.
Победникот на натпреварот „Шут, гол, Сити мол!“ ќе добие патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција и ќе ужива во највозбудливото спортско случување на денешницата. Другите учесници на овој натпревар ќе имаат можност да освојат многу официјални награди, кои ќе ја дополнат фудбалската забава.
Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, со натпреварот „Шут, гол, Сити мол!“ сакаат да ја споделат страста кон фудбалот со своите лојални потрошувачи и да ги охрабрат младите што повеќе да го практикуваат фудбалот како спорт што обединува и креира позитивни вредности.