На 11-ти јуни во нашата држава за прв пат доаѓа илузионист од рангот на светски популарниот Дејвид Коперфилд. Станува збор за најпопуларниот европски илузионист, кој воедно е најбрзиот магионичар во светски рамки, Једржеј Буковски.

2

Буковски ќе настапи во сабота во 13:00 и 20:00 часот на платото пред Скопје Сити Мол како дел од затворањето на настанот кој привлече огромно внимание во јавноста, Magic World. Имено, од 20-ти мај Скопје живее во духот на моќта на илузијата и магионичарските трикови. Во Скопје Сити Мол за прв пат во нашата држава се случува токму овој несекојдневниот настан каде најголемо интересирање предизвика интерактивната изложба на популарните магионичарски трикови и илузии чиј основоположник е токму Полјакот Једржеј Буковски. Интересно е тоа што Једржеј работи со менаџерот на светски број 1 илузионистот на планетата, Дејвид Коперфил. Тој во моментов е на светска турнеја во која го има вметнато и Скопје каде граѓаните ќе можат да уживаат во неговото фантастично шоу на затворањето на Magic World во Скопје Сити Мол.

krolik

„Многу ми е драго што сум дел од овој уникатен и спектакуларен настан кој што достигнува неверојатна посетеност во Скопје и докажува уште еднаш дека магијата и илузијата се вечни мистерии кои што сите луѓе од сите возрасти ги обожаваат. Сите присутни во сабота ќе имаат можност да бидат сведоци на многу интересни и мистериозни илузии, како на пр. појавување на девојка од уметничка слика, врнење на снег среде јуни, левитација, како и најбрза телепортација… Не би сакал многу да откривам бидејќи сакам граѓаните на Македонија да се изненадат на лице место и да уживаат во несекојдневната шанса. Би најавил само дека сите кои што ќе дојдат на 11-ти во Скопје Сити Мол треба да се подготват за големо шоу. Ви ветувам интересна забава и работи кои досега во живо не сте ги виделе,“ вели светски познатиот магионичар Једржеј Буковски.

Во продолжение погледнете го видеото со неколку од триковите на Једржеј кое е вистински хит на YouTube:

Сподели на Facebook
пати видено