Стар Евреин отишол во синагогата и почнал да му се жали на рабинот:
– Рави, Учителе, имам голем проблем, помогни ми, Учителе, син ми стана Христијанин.
Се позачудил рабинот и рекол:
– Дојди утре пак. Оваа ноќ ќе зборувам со Бог и Тој ќе ми каже што да направиме.
Наредното утро стариот Евреин дошол повторно.
– Е, рави, што ти рече Бог?
– Разговарав со него и Тој рече да не се секираш и тој имал сличен проблем пред некое време.