Роби Книл од Австралија има необичен потстанар, кој најверојатно никој не би го посакал. Тој живее во неговиот покрив веќе 6 месеци и нема намера да плати кирија. Роби успеал да го фотографира кога излегол надвор на воздух за да „го поздрави“.
Австралијанецот во неговиот дом за потстанар има питон, долг скоро 3 метри и нема намера да го избрка. Но, пред неколку дена се преплашил кога забележал со каква брзина змијата може да се качува по ѕидовите на куќата.
„Не знаев дека можат да се качуваат така по ѕидовите. Да во забележав 5 минути подоцна ќе умрев од страв. Еве зошто треба да ги затвораме прозорците на вториот кат.“, вели Книл.
Тој изјави дека првин се плашел од питонот, но потоа ми станал „симпатичен“ бидејќи бил безопасен и често го посетувал и набљудувал Роби додека тој работел во шупата. „Јас не му правам проблеми и тој не ми прави проблеми.“, вели Роби.
Кога ги објавил фотографиите со питонот, многу Австралијанци се пошегувале дека повеќе ги нервираат комарците отколку огромните змии.