26-годишната Меган Вилис во 2016 година се омажила за својот сакан. Таа за венчавката најмила диџеј кој го слушнала во ноќен клуб. Но, бракот не им одел како таа што очекувала.
Додека живеела со нејзиниот сопруг во Њујорк Меган не го „добивала“ она што го сакала. Така одлучила да почне да му се доверува на диџејот со кој се спријателила, 49-годишниот Марк Стоун.
„Мојот брак заврши затоа што не бев целосно среќна и не го добивав она што ми требаше. Мојот поранешен сопруг стана зависник од видеоигри кои во основа станаа негов живот, а јас бев непостоечка.“, вели Меган. Една година подоцна, таа била на посета дома во Мериленд и го видела Стоун во еден бар каде што му се пожалила за бракот.
„Разговорот со Марк ми помогна да сфатам дека не треба да го молам мојот сопруг за внимание. Марк беше само пријател, но секој ден ме проверуваше дали сум добро. И двајцата навистина уживавме во разговорите, без оглед колку биле глупави или сериозни.“, додава Меган.
Таа се преселила во Северна Каролина кога разводот бил финализиран, а Марк дошол со неа. Меган вели дека првин не можела да поверува дека се вљубува во маж толку постар од неа и се плашела дека луѓето ќе мислат дека е спонзоруша. Но, таа вели дека нивната љубов е вистинска и дека отсекогаш била „стара душа“, а Марк „млада“ така да се пронашле.
„Навистина не ни е гајле што мислат другите луѓе. Среќни сме и нашата врска функционира и тоа е сè што е важно за нас “, вели Меган.