Жестоките снимки прикажуваат маж како си ги шета кучињата додека времето не е баш најдобро во Тексас, САД.
Александар Кореас околу 19 часот шета со своите германски овчари, Софи, Мед и Хазел. Во еден момент Александар го удира гром, а тој паѓа на земјата. Неговите три преплашени кучиња бегаат, а тој останува на земјата.
За среќа во близина се нашол ветеринарен техничар по име Бил кој веднаш интервенирал. Тој заедно со уште една вработена од клиниката, Кристи Милер му укажале прва помош на Александар. Тие подцна изјавиле дека Кореас не се движел, а чорапите и чевлите му излетале од нозете. За среќа првата помош успеала и Александар конечно добил пулс.
Веднаш потоа бил однесен во болница и за чудо ја преживеал несреќата. Кореас во моментов страда од скршеници на ребра, скршена темпорална коска, отечено око, модринки и многу руптури на мускулите поради ударот. Семејството се заблагодарило на хероите, бидејќи да не била нивната брза рекација Александар не би бил жив. Кореас има долг пат до закрепнување и не се знае кога ќе биде пуштен од болницата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!