Сите имаме слики во нашиот телефон. Но што се случува кога го сликаме самиот телефон, под микроскопски леќи? Истражувачите од Универзитетот „Суреј“ го сториле токму тоа со мобилни телефони на нивните студенти. Резултатите ги отвораат очите.

За да ги анализираат телефоните, научниците ги ставиле во садови со агар – желатинозна супстанција добиена од црвени алги. После три дена направиле фотографии под микроскоп на кои се забележуваат голем број на бактерии.

ph01

На еден телефон дури било забележано и присуство на здрава популација на стафилокока ауреус, бактерија која може да предизвика осип на кожата, болести на дишните патишта и труење со храна.

ph02

Иако изгледа како леб после една недела на маса, научниците тврдат дека поголемиот дел од бактериите не се директна закана за човечкото здравје.

ph03

„Од резултатите се гледа дека мобилните телефони не ги помнат само телефонските броеви, туку и историјата на нашите лични и физички контакти со други луѓе и површини“, изјавил д-р Симон Парк, професор по молекуларна биологија. Тој препорачува секоја недела телефоните да се чистат со нежно средство за дезинфекција за да се спречи насобирањето на бактерии.

Сподели на Facebook
пати видено