Една двојка приреди вистински шокантно изненадување за нивните семејства за Божиќ – бебе за кое никому не кажале дека го очекуваат. Бен и Хана Хиндерс не ги виделе своите роднини и пријатели цели десет месеци, кога наеднаш се појавиле на нивниот куќен праг со новороденче во рацете. Сопружниците, коишто живеат во Хонолулу, Хаваи, одлучиле дека ќе биде забавно да ги шокираат сите, нивните родители, нивните роднини, кумовите, пријателите.

bb01

Снимиле симпатично видео со кое ги овековечиле бројните реакции кога се појавиле со нивната новородена ќерка Ајви Елизабет, којашто се родила во септември.

„Ви донесовме внука! Си рековме дека ви треба една“, им велат тие на своите родители. „Ова е вашата прва внука“, најавува Хана. „Ви рековме дека ќе ви донесеме нешто.“

„Не кажавте на никого? Вие нормални ли сте?“ вели еден член на семејството, додека сите други се смеат.

bb02 bb04 bb03

Сподели на Facebook
пати видено