Фреј Комбер го оставила нејзиниот 3-годишен син Оли Нелсон сам во дневната соба, додека таа побрзала да се пресоблече на вториот кат. Поминале само 5 минути и 25-годишната мајка се посомневала поради чудната тишина во куќата и се стрчала во дневната по долна облека, за да доживее шок.

Малиот палавко успеал да го направи невозможното. За „цели“ 5 минути тој успела да отвори канта со боја и да ја „уреди“ собата која неодамна била реновинара од страна на неговите родители и за тоа потрошиле над 3.000 фунти.

Мајката вели дека не може да поверува како успеал да го направи тој хаос во рок од 5 минути. Момчето знаело дека згрешило и веднаш побрзало да се скрие, а кога се соочило со мајка му ѝ кажало: „Мамо види нацртав цртеж.“

Фреј и нејзиниот сопруг, кои имаат уште еден 8-месечен син, велат дека морале да почнат да се смеат, за да не плачат од мака.

Сподели на Facebook
пати видено