Од надвор, овој имот изгледа како секој обичен стар магацин.
Но, откако ќе влезете во поранешната фабрика за чевли, ќе бидете изненадени кога ќе пронајдете луксузен дом погоден за секое семејство кое сака да се насели во внатрешното градско предградие на Брансвик Ист во северниот дел на Мелбурн.
Скриен зад дрвените врати совршено реновираниот ентериер го прави различен овој дом од било кој друг на пазарот. Спектакуларната конверзија на фабрикаат содржи четири спални, три бањи, загреани бетонски подови и рибник. Имотот беше продаден на аукција во саботата за 1,62 милиони долари.
Продавачот Марина Мекалан и нејзиниот партнер Брус го купиле „темниот, валкан и грд“ имот како празна школка за 320.000 долари во мај 2002 година. Парот живеел во домот 11 години, а во изминатите 6 години го изнајмуваат.
Тие внимателно ја обновиле старата фабрика така што го задржале покривот, ѕидовите со изложени тули и ја оставиле фасадата непроменета. Дали вие би живееле во ваков необичен дом?