Веќе 29 години, уникатните сијамски близначки Абигејал и Британи Хенсел живеат целосен живот и покрај сите физички ограничувања, недостатокот на позитивна прогноза за здрав живот и зачудениот изглед на другите луѓе.
Со својот пример, девојките докажуваат дека е можно да се надминат сите тешкотии и да се остварат вашите соништа ако навистина го сакате тоа.
Родителите на сестрите очекувале едно дете
Абигејл и Британи се родени на 7 март 1990 година, во Минесота. Раѓањето на близначките беше вистинско изненадување и за лекарите и за нивните родители кои очекуваа само едно девојче, бидејќи ултразвукот не ги покажал близнаците или какви било отстапувања во развојот на бебето.
Лекарите првин се плашеле да ѝ ги покажат бебињата на мајката, но откако го направиле тоа мајката и таткото веднаш се вљубиле во нив. Според статистичките податоци, од 30 милиони сијамски близнаци, преживее само едно тело. Внатрешните органи на другиот не успеваат во текот на првите 24 часа по раѓањето. Но, и покрај негативната прогноза од лекарите, близначките го надминаа ова и се развиваа како и сите други деца од година во година.
Девојките си оделе во училиште и не сакале да се разделат, а исто така научиле и да ги игнорираат погледите на луѓето. Нивните родители никогаш не дозволиле некој да експериментира на нив.
Како функционира телото на девојчињата
2 глави, 2 нозе и раце, 2 рбета, 3 бели дробови, 2 срца, 1 црн дроб, 2 стомаци, 3 бубрези, заеднички циркулаторниот систем и заеднички гениталии – анатомијата на девојчињата е уникатна и лекарите сè уште не разбираат како нивното тело може да функционира добро на овој начин.
Секоја близначка може да ја контролира само нејзината страна на телото и не може да го почувствува допирот на другата сестра. На пример, Аби не може да почувствува доколку некој ја удри Брит по раката. Уште кога биле деца, девојките научиле да ги синхронизираат нивните движења и да ги координираат нивните постапки. Тие свират пијано, возат велосипед, пливаат и спортуваат.
Научниците веруваат дека девојчињата имаат заеднички нервни врски што ги нема ниту едно друго човечко тело. Тие завршиле средно, положиле за возачки испит и многу други работи.
Што прават сестрите сега
Колеџот стана уште еден предизвик за сестрите Хенсел. И, тие му докажаа на целиот свет дека е можно да се има нормален активен живот дури и со едно тело за 2 лица. Девојчињата секогаш биле добри со децата – за време на летните распусти, тие секогаш работеле како бебиситерки, па затоа не е чудно што тие избрале настава како нивна работа.
Тие како тинејџерки велеле дека еден ден сакаат да имаат големо семејство и иако лекарите им кажале дека е физички возможно да имаат дете, сепак се пркоси со некои морални вредности бидејќи делат едно тело за две лица.
Сега, девојките имаат различно образование и тие работат во основно училиште, предавајќи различни предмети: Аби предава математика и физика, Британи предава литература и историја. Сепак тие земаат само една плата иако се 2, што не е добро.
И покрај фактот дека од 2002 година, девојките беа во центарот на вниманието на медиумите, пред неколку години, тие решија да престанат да работат со новинари, па дури и престанаа да ги ажурираат страниците на нивните социјални мрежи. Можеби ова се должи на фактот на гласините дека Британи ќе се мажи.