Погледнете ги добро овие фотографии, бидејќи ретко ќе имате можност да видите жирафа како спие. Интересно е тоа што и покрај тоа што е највисокото животно, жирафата има најмала потреба од сон од било кој друг цицач, во просек спиејќи само околу триесет минути дневно. Нивниот одмор е испрекинат на повеќе дремки од по неколку минути. Во педесеттите истражувачите верувале дека жирафите воопшто и не спиеле.
Жирафата е плен за грабливците, па така многу од нејзините навики произлегле од неопходноста. Поради тоа што за нив е тешко да легнат и потоа брзо да станат во случај на нужда, спиењето претставува голема одговорност; пиењето вода е уште една мака, бидејќи вратот на жирафата е премногу краток за да досегне до земја. Поради оваа причина со поголемиот дел од неопходното количество вода се снабдуваат преку растенијата кои ги јадат, па така жирафите треба да пијат вода на секои неколку дена.
Па така, иако овие фотографии со заспани џинови можеби и нема да ви се чинат нешто особено, ќе имате можност да видите нешто што малкумина го имате видено!