Што да правите ако со малата компјутерска игра која сте ја дизајнирале само што сте си заработиле една цела банка?
Точен одговор: Ја купувате најголемата, најлудата и најскапата куќа во Холивуд, веднаш до куќата на Џеј Зи и Бијонсе. И потоа ја организирате најлудата журка на сите времиња. Точно тоа го направил создателот на играта Мајнкрафт откако ја продал играта за 2.5 милијарди долари.
Куќаво во Холивуд со осум спални соби и петнаесет бањи минатата недела се продаде за неверојатна цена.
Била изградена од Брус Маковски од QVC Marketing. Тој сакал да го редефинира концептот за богато живеење.
За да им го покаже тоа на потенцијалните купувачи, тој ја наполнил куќата со скапи играчки како дизајни на Роберто Кавали, скапи тоалети кои чинат по 5.600 долари и моторциклот на Џемс Дин.
Како и ненормално скапи автомобили како оригиналниот „Бумбар“ од „Трансформери“ а Мајкл Беј.
Куќата е полна со скап мебел и техника.
Ја меркале некои од најпознатите имиња на американската поп култура како Бијонсе и Џеј Зи.
Но, баткава в лево им ја собрал пред нос. Тоа е 35-годишниот шведски програмер Маркус Персон, попознат како Ноч. Тој ја создал гејмерската сензација Мајнкрафт. Откако ја продал на Мајкрософт решил да влезе во историјата купувајќи ја една од најскапите куќи. Ја купил оваа палата и сѐ во неа за 70 милиони долари.
Потоа го направил тоа што секој би го направил: ја организирал забавата на векот.
И благодарение на социјалните медиуми, и ние обичните смртници можеме да видиме како се прави тоа во Холивуд.