Брачен пар од Канада го отфрлија брзиот градски живот за да живеат на живописен пловечки дом и градина, нешто што тие го нарекуваат „Залив на слободата“.
Вејн Адамс и Кејтрин Кинг создале сосема самоодржлив пловечки дом кој се состои од дванаесет платформи на кои се сместени дрвени структури, зеленила и животен простор, сите поврзани помеѓу себе со патека направена од дрво.
Структурата била изградена во 1992, и двојката, која има две деца, живеат во овој невообичаен дом во текот на целата година.
За време на зимските месеци, тие ја собираат дождовната вода за пиења, а лете со вода се снабдуваат од водопадите во близина. Имаат повеќе градини во кои садат зеленчук и овошје. Со електрична енергија се снабдуваат со помош на соларни панели и фото-волтаични генератори на енергија. Овој дом исто така има и светилник, и многу саксии со растенија и цвеќе, како и колекција од уметнички слики. Луѓето на овој начин си живеат веќе дваесет години и се сосема среќни со нивниот избор.