Лавот по име Хаос живее од мал во Лори паркот за животни во Јужна Африка. Тој сега има 16 години и еден голем проблем. Хаос боледува од рак на кожата и мора итно да се лекува. Но, не е лесно да се најде соодветна болница за кралот на животните.

На животното му била потребна радиотерапија, а во Јужна Африка нема ветеринарна клиника каде што можат да му го овозможат тоа. Затоа кралот добил место во приватна болница каде што се лекуваат луѓе.

Сепак за да не ги исплашат пациентите со лав од 260 килограми, вработените го „прошверцале“ лавот на задната врата, покриен со чаршаф. Ѕверот бил третиран од страна на тим од 5 силни радиотерапевти и еден онколог во необичен амбиент.

Неговата прва сесија од третманот, кој ќе продолжи траела 5 минути. Неговиот чувар, Кара Хајнис, рече дека радиотерапијата била скапа, но „апсолутно вреди“, бидејќи сите го сакаат Хаос и тој за нив е нивното големо „дете“.

Сподели на Facebook
пати видено