Во градот Јиангмен во Кина пред неколку дена жителите биле шокирани од она што го виделе по улиците. Околу 30 мажи, парадирале низ градот, само по нивната долна облека. Сите тие биле вработени од секторот за продажба во локална теретана.
Причината поради која парадирале полуголи е затоа што тоа било наредба од нивниот шеф, затоа што не успеале да го достигнат очекуваниот профит. Еден од нив изјавил: „Јас со задоволство ја прифаќам казната што ми ја додели компанијата. Нашиот женски персонал не треба да прави прошетка на срамот, од нив се бара да направат склекови како казна.“
Поранешен вработен во теретаната изјавил дека често им одземале на работниците 200 јуани (околу 20 евра) доколку не би успеале да го постигнат посакуваниот профит, или пак 500 јуани (55 евра) доколку задоцнат на работа.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!