Финскиот стартап HMD Глобал го воскресна името на Nokia со нова линија на Андроид паметни телефони кои беа откриени во февруари. Тие не се загрижени за малата побарувачка и го продолжија проширувањето во текот на целата година. Новиот Nokia 8 ќе има подобри спецификации од претходниците и наводно ќе има Zeiss оптика.
Информациите за Nokia 8 се појави случајно кога фотограф од компанијата по грешка пставил кратко видео, во кој имало уште еден сè уште ненајавен паметен телефон (можеби Nokia 9). Овој модел е означен како HMD TA-1012 и телефонот ќе биде придвижуван од процесорот Snapdragon 835 и спортска двојна камера.
Германскиот сајт WinFuture се осврна на Nokia 8 со различен број на модел, TA-1004, но инаку ги потврди наведените детали. Изворите велат дека телефонот ќе се продава за нешто помалку од 600 евра и истакнаа дека најверојатно ќе биде достапен за купување на 31-ви јули.