Меколи Калкин одговори на вестите за потенцијалното преработување на „Сам дома“ и сега се чувствуваме стари, депресивни, но и интригирани, бидејќи неговата реакција е прилично реална.
Неодамна беше објавено од „Дизни“ дека, меѓу многу други филмови, класичниот божиќен филм за деца (и возрасните да не се лажеме) „Сам дома“ ќе добие своја современа верзија. Според извештаите, „Сам дома“, „Ноќ во музејот“ и „Дневникот на Вимпи Кид“ се меѓу оние што треба да бидат „усогласени“ за новата услуга за стриминг на Дизни, Дизни +.
И иако обожавателите веќе почнаа да кројат заговори како би изгледала модерната верзија на „Сам дома“. Нели малку е нелогично да останеш сам и без помош со толку технологија сега околу нас, 38-годишниот Меколи Калкин реши да ни покаже што му направиле изминатите 28 години на Кевин МекКалистер.
Тој напишал на фотографијата која ја објавил: „Вака всушност би изгледал ажуриран ‘Сам дома’“ Се согласувате ли?