Светската телекомуникациска мрежа и навистина е мрежа – направена од подводни кабли кои се вкрстуваат на океанското дно насекаде низ светот.
Светскиот подводен телекабелски систем
99 отсто од протокот на податоци во светот се движи преку сложен систем на подводни кабли кои се протегаат преку целиот свет. Најновиот кабел од оптички влакна може да пренесува податоци со брзина 99.7 проценти еднаква на брзината на светлината – капацитет кој сѐ уште не е надминат од ниедна друга технологија.
Инсталирање на подводните детекторски кабли во Аљаска
Подводните кабли всушност се стара технологија. Телеграфски и телефонски кабли се поставени уште пред 160 години. Првиот подокеански кабел бил пставен во 1854 години кој ја поврзал Канада со Ирска.
Нуркач поправа подводен кабел
Подводните кабли се многу поефтини од други посовремени можности. Сепак, за да се постават и одржуваат кабли на дното на океанот може да чини милиони долари. Но, испраќањето и одржувањето на сателитски систем би можело да чини уште повеќе милиони долари.
Подводен кабел на морското дно
Иако некои од каблите плутаат во длабоките води, поголемиот дел од нив се внимателно поставени на морското дно. Направен е труд да се постават на места кои најмалку ќе го вознемируваат дивиот свет и екологијата. Првично ова било од претпазливост морскиот животински свет да не ги оштетува каблите, а не обратно.
Положувањето на подводните телефонски кабли
Во плитките води и на копно каблите се закопани длабоко во песокта со помош на човечка работна рака и машини.
Поштенска марка која го прикажува поставувањето на подводни кабли
Во длабоките делови на океаните се поставени кабли на длабочина колку височината на Монт Еверест. Едноставно лебди таму во длабочините кадешто мал број на суштества можат да живеат.
Пресек на подводен кабел за пренесување на податоци
Каблите варираат во поглед на својата дебелина. Во плитките води каблите можат да бидат дебели колку неколку лименки заедно.
Поправање на подводен кабел на брегот на Хаваи
Некои кабли, од друга страна, можат да бидат дебели колку обичен маркер. Таков е случајот со каблите поставени во најголемите длабочини, од причина што на нив не им е потребен дебелиот заштитен слој кој е неопходен во плитките делови.
Ајкула го грицка вашиот интернет
Зошто на каблите им е потребна заштита? Бидејќи постојано се под најразлични видови на закана. И покрај тоа што добиваат струен удар при гризењето на каблите (или можеби токму поради тоа), ајкулите толку многу сакаат да го прават тоа што е дизајнирана специјална заштита токму од таа причина.
Нуркач прегледува кабел во плитко
Природните катастрофи, бродските сидра, рибарските мрежи и нуркачите исто така претставуваат закана за кабелскиот систем. Намерна саботажа со клешти е ретка појава (и многу опасен потфат), но се случувале и други работи.
Во 2010 интернетот на Египет бил целосно сопрен со пресекување на подводен оптички кабел со цел да се спречат демонстрантите да се организираат помеѓу себе.
Одмотување на подводен кабл за подводен систем на брегот на Франција
Познато е дека и владите во светот маткаат некои работи со каблите за свои сопствени цели – особено САД. Едвард Сноуден откри колку и на кој начин САД прислушуваат преку овие кабли.
Поставување на кабли во Италија
Следната генерација на кабли ќе имаат и дополнителна заштита со цел да се заштитат од ваквиот вид на упади. За жал, тие нема да се најдат во употреба уште долго време. Секој кабел, штом еднаш ќе се пушти во употреба, може да трае 25 години. Во океанските води се поставени кабли кои сѐ уште не се пуштени во употреба.