Група активисти на „Хрватска може подобро“ во петок наутро на Марков трг ги дочекувале пратениците во хрватското собрание и им делеле „Свидетелство за завршен испит“. Во него се наведени следниве оцени:

Знаење: недоволен (1)
Залагање: срамно (0)
Поведение: непоправливо

hr

Во свидетелството не се наведени бројот на неоправдани изостаноци бидејќи се премногу, велат активистите.

„Ние, граѓаните и граѓанките на РХ сведочиме за немарноста, неодговорноста, неработата и ароганцијата на ова парламентарно мнозинство, на Владата и министерот Предраг Шустар кои во политичката година 2015/2016 искажаа краен презир кон курикуларната реформа, образованието и иднината на Хрватска.

Со обзир на веќе доделениот укор на протестите „Хрватска може подобро“, кој не доведе до подобрување на владеењето, се изрекува крајната педагошка мерка „исклучување“, стои во „Свидетелството.“

Сподели на Facebook
пати видено