Некои од најпознатите улици во Венеција завршија под вода откако италијанскиот град беше погоден од најголемата плима во повеќе од 50 години.
Можат да се видат бранови носени од ветровите на плоштадот Свети Марко при што нивото на водата достигна 1,87 метри. Последниот пат кога историскиот град доживеа толку силно поплавување беше во 1966 година, кога плимата достигна 1,94 метри.
Владата на Венеција, наводно, сега има намера да „поднесе барање за вонредна состојба“ до централната власт на земјата, при што градоначалникот Луиџи Бруњаро ги обвинува климатските промени за екстремната „acqua alta“. Две лица починаа на островот Пелестрина, парче земја што делува како бариера помеѓу јужната венецијанска лагуна и Јадранското море.
Шокантните слики споделени на социјалните медиуми покажуваат дека посетителите и жителите се борат низ длабоките води во потрага по засолниште. Некои користеле привремени платформи што биле подигнати над водата, додека други се движат низ водата. 45% од Венеција се поплавни и 30 волонтери се поставени да помогнат во операцијата за расчистување.
Многу популарни туристички жаришта се целосно потопени, при што плоштадот „Свети Марко“ е едно од најтешко погодените места. Прекрасната базилика на Свети Марко е поплавена по6-ти пат во својата историја од 1200 години. Во меѓувреме, граѓаните и деловните субјекти се советуваат да чуваат докази за каква било штета нанесена врз нивните имоти, за да побараат обештетување.
За 2003 година се дискутираше за проект за заштита на Венеција од поплави, но зголемувањето на трошоците, скандалите и одложувањата досега значи дека допрва треба да се реализира. Едно е сигурно, дури и во вакви ситуации Венеција не останува без туристи…