Неодамна се отвори нов хотел во Мајорка … и не е за мажи. Хотелот Сом Дона, во близина на Порто Кристо, е првиот хотел од ваков вид во Шпанија, кој нуди локација за одмор само за жени на возраст од 14 години и повеќе.

Според веб-страницата на хотелот, тоа е „нов простор за жени кои бараат да се исклучат од стресот во секојдневниот живот што нуди персонална нега прилагодена на нивните потреби“.

Тоа е луксузно место за престој, опремено со 39 соби, велнес центар, базен, бесплатен WiFi, бар салон и „уникатна атмосфера наменета за жени“. Самите простории се зачудувачки; големи, добро осветлени простори со прекрасни погледи на морето кои се „внимателно дизајнирани за жени“, со висококвалитетни фенови за коса и преси, како и незамаглувачки огледала.

Жените кои ќе одлучат да престојуваат во Сом Дона, исто така можат да уживаат во масажи, третмани за убавина на тело, вртлог-базен, солариум и библиотека. Еден од најголемите фокуси на хотелот е неговата локална и флексијална гастрономија, нудејќи се – сензорно искуство на локална и интернационална кујна создадена со сезонски производи.

Тие го нарекуваат „совршена рамнотежа помеѓу здравата и вкусна храна“ – затоа не очекувајте пилешки прсти, хамбургери и чипс покрај базенот. Тие организираат и екскурзии низ островот.

Да речеме дека сте излегле со пријателките, сте запознале згоден маж и размислувате да го поканите во вашата соба, епа доколку сте сместени во Сом Дона ќе треба да престанете да размислувате затоа што забранет е и влезот за машки посетители. Единствен исклучок се вработените – во согласност со шпанските закони за родова дискриминација, мажите сè уште се ангажирани во хотелот. Сепак хотелот настојува да вработува што е можно повеќе жени.

Иновативното бегство доаѓа кога женското патување цвета. Една студија на „Бритиш ервејс“ во 2018 година од скоро 9000 18-64 годишни ќени ширум Европа открила дека повеќе од 50 проценти од жените сами оделе на одмор.

Според студијата, 75% од жените, исто така, планираат самостојно патување во текот на следните неколку години. Ако сакате да престојувате во Сом Дона, собите започнуваат од 72,50 € за вечер.

Сподели на Facebook
пати видено