Светскиот рекорд за најголема брзина на дрон е постигнат од страна на инженерскиот оддел на „Лигата за трка со дронови“. На 100 метри, DRL RacerX достигнал брзина од 263 километри на час, иако на подолги релеации била забележана и брзина од 289 километри на час.

Беспилотното летало, кое се нарекува DRL RacerX, тежи 800 грама и прави 46.000 вртежи во минута и за разлика од претходните прототипови не се запалило при големата брзина. Тој победил во категоријата „ најголема брзина на далечински управуван квадрокоптер на батерии“.

Брзина не е единствената граница која што настојуваат да ја поместат во светот на дроновите. Машините се користат за чудни, прекрасни но и загрижувачки работи. НАСА развива дронови за да го истражи светот на Марс. Био Карбон Инженеринг предложи да ги искористат за садење на дрвја, а војската се справува со етички контроверзни воени дронови, со вештачка интелигенција, кои ќе се употребуваат во борбата со непријателот.

Сподели на Facebook
пати видено