Ерик Вајт има 33 години и има прекрасна жена и три деца. Минатата година, тој ја продаде својата компанија за еден милион долари и основал уште една, која нуди уникатни услуги. Гледајќи го овој насмеан човек никој нема да претпостави дека некогаш бил бездомник, кој едвај можел да го напише своето име.
„Јас немав лесно детство на 15 години останав без покрив над главата и живеев на улица 8 месеци.“, вели Ерик. Тој завршил 8-мо одделение, но едвај знаел да чита и го прекинал понатамошното образование.
Иако Вајт практично немал образование, тој секогаш бил заинтересиран за градежништво, тоа била неговата вистинска страст. Тој сонувал да ги спаси домовите на другите луѓе и да извршува работи за кои дури и професионалци не се секогаш способни. Само за забава, тој поминувал часови во размислување за решавање на комплексни проблеми. Тој немаше ништо друго освен цврста убеденост дека ако ја работи својата омилена работа, тој не само што ќе успее, туку и ќе донесе огромна корист.
Ерик едвај сврзувал крај со крај и работел секаков вид на работа. По долго време среќата конечно му се насмевнала. Бил регрутиран во градежна компанија каде што шефот го забележал неговиот талент и по 6 месеци го ставил на чело на тимот.
Конечно Вајт можел да се занимава со она што го сака и поради неговото знаење и талент тој повеќе не барал работа туку работата го барала него. Подоцна се префрлил во поголема компанија, а наскоро основал и своја компанија. Минатата година тој ја продаде за еден милион долари.
Ерик конечно постигнал успех и се здобил со признание, но не запрел таму. Тој основал нова компанија да се трансформира во реалност и неговите креативни идеи. „Зошто да одиш на плажа кога можеш да ја изградиш во дворот?“ Мислеше Ерик. Веќе неколку години, тој барал начин да создаде таква рајска оаза. Задачата не била лесна. Вајт спровел истражување, експерименти, па дури и развил специјална пумпа за да им понуди на луѓето оваа генијална работа.
Идејата била толку успешна што имало многу луѓе кои сакале да добијат такво рајско место. Ерик вели дека секоја плажа што ја создава со својот тим е уникатна и направена со љубов, а тоа е она што го објаснува нивниот успех.
Тој сакал да стане човек кој може да го реши секој градежен проблем, и тој го сторил тоа. „Можам да најдам начин да ја поправам секоја ситуација и ќе сторам сé што е во моја моќ за да спасам нечиј дом“, вели тој. Ерик презема тешки случаи, како што се куќи со мочуришта до нив или поплавени дворови. Тој создава специјални решенија за одводнување кои не влијаат врз земјата на соседите.
Ерик исто така изработува кујни на отворено.
Прави патеки.
И изработува уникатни камини
Ерик сè уште е присутен на секој проект, води активен живот во социјалните мрежи, каде што го покажува целиот процес на градење и фотографиите пред и потоа.