Луѓето прават секакви глупости кога ќе испијат малку повеќе: играат на улица, легаат на улица, се јавуваат на поранешната девојка/момче, плачат, се смеат, се тепаат и уште милион други нешта.
Но, очигледно пијаните луѓе многу сакаат и да си „пазарат“ на интернет, а потоа кога ќе се разбудат наутро жалат за минусот на нивната картичка.
Од списанието за технологија бизнис The Hustle одлучиле да спроведат истражување за тоа колку трошат пијаните Американци на интернет и открија дека ова е бизнис само по себе. Истражувањата покажуваат дека 79% од испитаниците направиле најмалку едно „пијано пазарење“ на интернет.
Оние што купуваат онлајн додека пијат трошат околу 444 долари секоја година, а облеката и чевлите се најчестите купувања и Амазон, страницата која им е омилена на алкохолизираните купувачи.
Според математиката на The Hustle, тие дошле до заклучок Американците трошат околу 48,4 милијарди долари годишно. Во истражувањето, 79% признале дека трошат во просек по 444 долари годишно, а со тоа што има околу 138 милиони возрасни лица во САД кои консумираат алкохол, излегува дека има околу 109 милиони луѓе кои купуваат додека пијат.
Значи, 444 $ помножено со 109 милиони е 48,4 милијарди долари, но, се разбира, ова е груба проценка заснована на истражување кое опфати само 2.000 луѓе.